Нападот се случил во маркетот Пабликс во Ројал Палм Бич, 130 километри северно од Мајами, соопшти полицијата.
– По пристигнувањето, полицијата пронајде три лица кои починале од прострелни рани – еден повозрасен маж, повозрасна жена и дете. Меѓу жртвите е и напаѓачот, соопшти канцеларијата на шерифот во округот Палм Бич.
Засега не е позната причината за нападот.
Ова е уште еден оружен инцидент во јужниот дел на Флорида во последните неколку денови.