Кривичниот суд ја изрече пресудата за монструозните убиства од ноември 2023
По речиси десет месеци судење и над 40 одржани рочишта, денеска Кривичниот суд во Скопје ја изрече пресудата за еден од најбруталните случаи во поновата историја на Македонија – грабнувањата и ладнокрвните убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
Видеото погледнете го во продолжение.
(ВО ЖИВО) Се изрекува пресудата за грабнувањата и убиствата на Вања и Панче
Доживотен затвор за четворицата обвинети
Судијата Ивица Стефановски донесе одлука со која на четворицата обвинети – Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев – им се изрекува казна доживотен затвор. Обвинителството претходно бараше истата казна, оценувајќи дека нема олеснителни околности.
„Казната според Кривичниот законик е од 10 години до доживотен затвор. Нема олеснителни околности за обвинетите. Сите се во зрела возраст, сите се родители, сакале да се и политички фактор. За сите четворица ЈО бара доживотен затвор. Одземање живот на дете не се толерира“, истакна обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска.
Обвинетите се прогласени за виновни за грабнувањето и убиствата извршени на 22 и 27 ноември 2023 година. Случајот ги шокираше граѓаните, особено поради бруталноста со која беа ликвидирани жртвите.
Таткото на Вања ослободен, нема да плаќа трошоци
Петтообвинетиот во предметот, Александар Ѓорчевски – таткото на Вања, кој беше обвинет за помагање во грабнувањето на сопствената ќерка, е ослободен од обвинението. Судските трошоци за него ќе ги покрие државата.
Судијата Стефановски ги упати семејствата на убиените да поведат граѓанска постапка за надомест на штета.
Судскиот процес обележан со болка и емоции
Целиот судски процес беше исклучително тежок и емотивен. Деталите за последните часови на Вања беа повторувани пред судот и од обвинителите и од сведоците, вклучително и самите обвинети. Судницата често беше во тишина прекинувана само од солзи и воздишки, додека се реконструираше хоророт низ кој поминала 14-годишната девојка.
Бранителите на обвинетите побараа ослободителни пресуди, но судот пресуди спротивно, темелејќи ја одлуката врз цврсти докази, признанија и реконструкција на настаните.