Максималната температура ќе се движи од 25 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 32 степена.
Во наредните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси, особено во сабота. Температурите ќе бидат во пораст, а особено топло се очекува во почетокот на наредната седмица кога на места температурите ќе надминуваат 35 степени.