Обвинителката Вилма Русковска за Фокус потврди дека се вршат претреси, но не во домот на Рашковски туку во седиштето на фирмата. Русковска вели дека имало и други претреси, но не открива во кои други субјекти.
Сторијата за набавка на софтверот ја објави „360 степени“, односно дека Рашковски како генерален секретар набавил софтвер за сообраќајни прекршоци во вредност од 81.000 евра, за потребите на Министерството за внатрешни работи, а оттаму, пак, велат дека ниту знаеле дека таков софтвер е набавен ниту, пак, им треба.