Тоа е уште еден чекор во напорите на новиот авганистански режим да ја прекине дипломатската изолација.
-Утре (вторник) ќе се сретнеме со претставници на ЕУ. Имаме позитивни средби и со претставници на други земји, рече Амир Кан Мутаки на конференција во главниот град на Катар. Тој не прецизира за кои претставници на ЕУ станува збор или нивниот број.