Очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морињата во последните неколку месеци укажуваат и на пораст на температурите на воздухот, како на поголемиот дел од Европскиот континент, така и на тeмпературите на воздухот во Македонија.

Тeмпературите на воздухот во земјава за период декември 2021 – јануари 2022 – февруари 2022 имаат поголема веројатност да бидат надпросечни, со позитивно отстапување од околу 2°Ц од многугодишниот просек. Отстапувањето се очекува да биде поизразено во источниот регион на Македонија.

Се очекува просечно врнежлива зима, со мала веројатност за позитивно отстапување во источниот регион на Македонија и мало подпросечно отстапување во западниот дел.

Просечната температура за зимата (декември-јануари-февруари) за период 1981-2010 година се движи од -1,5°Ц измерена на метеоролошката станица во Маврово, до 5,0°Ц измерена во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90мм измерени на МС Штип до 319,4мм измерени на метеоролошката станица во Лазарополе.

Просечната температура на воздухот измерена на метеорлошката станица во Скопје изнесува 2,0°Ц, а просечната количина на врнежи 110мм.