Веројатно ќе ви биде тешко да поверувате, но чаша со вода со умерена температура може да биде покорисна за вашето тело отколку ладната вода.
Иако туширањето со ладна вода е препорачливо, експертите на тоа поле не советуваат да посегнете да пиете ладна вода.
Ви ги откриваме негативните својства на ладната вода, а воедно и позитивните на топлата вода.
Ладната вода е лоша за варењето на храната
Ладната вода, како и сите ладни напитоци – сокови, шејкови, газирани пијалаци и слично, влијаат на стеснувањето на крвните садови. Тоа не би било толку страшно доколку не влијае на храната која претходно сме ја внеле, односно отежнато или ограничено нејзино варење, а и самата хидратација на телото е значително побавна.
Телото останува без енергија
Кога ќе се напиеме ладен пијалак, во нашето тело доаѓа до спречување на апсорбирање на нутриентите кои ни даваат енергија. Нашето тело во тој случај својата постоечка енергија ја троши за да ја регулира температурата во самиот организам, иако ние мислиме дека соодветно сме го разладиле и сме му помогнале.
Таквото однесување може да доведе до опаѓање на нивото на водата во организмот, што е спротивно на тоа што сакаме да го постигнеме.
Предности на топлата вода:
Чаша вода со умерена температура ја подобрува и забрзува хидратацијата на организмот. По истата, вашиот организам не троши дополнителна сила и вие ќе се чувствувате посвежо.
Воедно се стимулираат и природните ензими за варење на храната, па организмот се ослободува од непотребната енергија. Храната која сте ја изеле, многу полесно се преработува и не создава тегоби во стомак.
Експертите советуваат секое утро да пиете една чаша млака вода со малку капки свежо исцеден лимон за да бидете подготвени за предизвиците кои следат во текот на денот.