По иницијатива на Асоцијацијата, се бараше изедначување на царинските стапки на ниво на оние во Европската унија за одделни компоненти кои им се неопходни на компаниите за нивниот технолошки процес, со времетраење до 30 јуни 2022 година.
-Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Советот на странски инвеститори во рамките на Стопанската комораја поздравува вчерашната одлука на Владата за намалување на царинските стапки на одделни компоненти потребни за производство на технолошки напредни производи. Намалувањето на увозните давачки е на нивото на царинските стапки на ЕУ за да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи, a се однесува во најголем дел на суровини и репроматеријали кои ги употребуваат првенствено компаниите членки на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, наведува Комората.
Според Комората, во услови кога усогласувањето со царинските стапки на ЕУ се јавува како обврска на земјата во процесот на пристапување во ЕУ, автономните мерки се привремено решение што е во функција на зголемување на извозната конкурентност на индустријата во земјава, која произведува технолошки напредни производи.
-Тоа, секако ќе придонесе за подобро деловно работење на сите компании од секторот, но и за поголема атрактивност на земјата при привлекување нови компании со странски капитал, потенцира Стопанската комора и оценува дека позитивниот одговор од Владата се должи на опсежните анализи и интензивната комуникација со Асоцијацијата во изминатиот период