Шефот на руската платеничка група „Вагнер“  изјави дека неговите сили ја зазеле целата територија во источниот украински град Бахмут како што ветиле и дека ќе ја напуштат зоната на конфликтот подоцна оваа недела.

„Вагнер не напредуваше. Вагнер денеска не зазеде територија. Ја зазедовме целата територија што ветивме дека ќе ја заземеме, до последниот сантиметар“, рече Евгениј Пригожин во аудио порака објавена на апликацијата за пораки Телеграм.

„Како што изјавивме вчера. Ние ги предаваме нашите позиции на (руското) Министерство за одбрана и на 25-ти (мај) ја напуштаме зоната на конфликтот.

Пригожин во саботата рече дека неговите сили ја презеле контролата врз Бахмут, град под напад на руските сили повеќе од девет месеци. Но, украинскиот претседател Володимир Зеленски и воените началници го негираа тоа во неделата.