На твит што го објавија денес, тие напишаа – „Сега сме на ЈуТјуб“ – додавајќи линк за сите следбеници, пренесува Индипендент.

Прво, како најава на каналот Јутјуб, тие објавија клип во кој се прикажани како вршат бројни кралски должности, со детали зад камерата што јавноста досега немаше можност да ги види.

Снимките ги прикажуваат крајно неформално и опуштено, што не е начинот на кој се прикажуваше кралското семејство.

Тие ја започнаа оваа практика претходните недели, кога беше објавено семејното видео, како дел од десетгодишнината од нивниот брак. Тие ги споделија среќните моменти на своето семејство, додека со своите три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, пешачат во шума, играат на плажа и печат колачиња на оган, што беше оценето како невообичаено лично и сентиментален потег од припадници на монархијата.

Во едно од објавените видеа направени зад сцената, принцот Вилијам и вели на Кејт: „Гледај што зборуваш, затоа што овие момци снимаат сè“, на што таа одговори – „знам“.

Објавувањето на Кејт и Вилијам доаѓа само 24 часа откако војвотката од Сусекс Меган Маркл објави дека ја пишува својата прва книга за деца „Клупата“, инспирирана од песната што ја отпеа за нејзиниот сопруг Хари на Денот на таткото, еден месец откако се роди нивниот син Арчи.