Основниот кривичен суд соопшти дека завршил распитот на осумте приведени лица опфатени со вчерашната акција во Управата за јавни приходи.

По нивното произнесување, како и по разгледување и ценење на доставените факти и докази, Судот го прифатил предлогот на надлежното обвинителство и на сите осум лица им изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.

Притворот е определен поради постоење на сите три законски основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, како и ризик осомничените да го довршат или да го повторат кривичното дело.

Истрагата за случајот продолжува.

 

 

Притвор за осуммина од акцијата во УЈП