Момчиловиќ беше ослободен од притвор на 2 април во Софискиот градски суд и пренсесен во „домашен притвор“ во очекување на постапка за екстрадиција во САД. Бугарската полиција веќе пообјави потерница по него. Тој се бара за случај во Окружниот суд во Њујорк под обвинение за увоз на хероин во САД.

Според Нова ТВ, тој не живеел на адресата во главниот град каде што требало да биде, но неговиот адвокат негира дека е тоа така.

Мерката „домашен притвор“ ја контролира бугарската полиција.

Станот каде требало да престојувал Србинот бил во сопственост на неговата адвокатка.

Срцево заболување е еден од мотивите судот да го ослободи во домашен притвор.

Според извори на Нова ТВ, Србинот веќе побегнал од Бугарија со помош на негови блиски соработници. Момчиловиќ беше обвинет и за поседување дрога во Бугарија во 2007 година. Во тоа време, тој беше обвинет за поседување оружје и употреба на фалсификувани документи. Тој беше вмешан и во престрелка во Софија.