Полициски службеници од Полициско одделение Жеровјане, утринава еден час после полноќ во село Радиовце го бил лишиле од слобода Е.И.(31) од село Горно Седларце, тетовско, соопштија од МВР.

– При контрола на патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.