На 14.04.2023 во 16.05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.Т.(27) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.