Вчера околу 19.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Аеродром и Драчево, врз основа на судска наредба, го привеле Н.Д.(25) од Скопје, кој се барал со потерница за издржување казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Како што соопшти МВР, лицето било предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.