Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека околу 23:30 часот вчера е приведен Ф.И. Украденото возило „Ауди А3“ што било паркирано на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар е пронајдено на улицата „Никола Парапунов“ во Гостивар, а кај Ф.И. биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои се наоѓале во возилото.

Ф.И. е задржан во Полициската станица Гостивар и по комплетно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.