На автопатот Скопје-Гевгелија, на наплатна станица Смоквица, синоќа во 21.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода М.Ш.(49) од Скопје.

При преглед во возилото „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени пет лица мигранти (две од Индија и три од Куба).

За настанот бил известен Јавен обвинител. М.Ш. бил приведен во ОВР Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.