Од МВР соопштија дека на 17 август 2021 година од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево во Скопје е лишен од слобода К.Т.(48) од Прилеп, за кого била распишана централна потерница за доиздржување на казна затвор во Прилеп.

-При извршена контрола кај него се пронајдени алати и предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со извршени кривични дела и тие се предадени за вештачење, информираат од полицијата.

К.Т. е спроведен за доиздржување на затворската казна во Прилеп, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.