Денеска (13.05.2023) од страна на полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода И.Д.(24) од Велес, поради сомнение дека извршил кривично дело “давање поткуп”, по член 385 ст.1 од Кривичниот законик.
При преглед кај него, извршен околу 00.50 часот на ул.”Димитар Влахов” во Велес, кај него била пронајдена поголема сума на пари, по што бил приведен за понатамошна постапка.
Во текот на спроведувањето кон Полициска станица Велес, И.Д. им понудил пари на полициските службеници за да го пуштат.
Откако му било укажано дека со нудењето пари прави друго кривично дело, тој понудил поголема сума за да биде ослободен.
Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.