Полициски службеници од Оперативен тим Потраги денеска од 9.15 до 10.20 часот на ул.„Виктор Иго” во Скопје ги лишиле од слобода Л.М.(69) и С.М.(70), двајцата од Скопје, по кои е распишана потерница од Основен суд Скопје 1.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тие се приведени заради издржување казна затвор од две и од една година за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
– Тие ќе бидат предадени на казнено-поправна установа за издржување на казните, соопшти МВР.