На улица „Видое Смилиевски-Бато“ во Тетово, вчера во 17.15 часот полициски службеници од СВР Тетово, по претходно добиена наредба од тетовскиот Основен суд го лишиле од слобода 25-годишниот тетовец Н.Б., кој се барал за издржување на казна затвор, соопшти МВР.
Н.Б. бил приведен во полициска станица, а потоа и спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна, информираат од МВР.