Леброн Џејмс се здоби со повреда на абдоменот и ќе биде од еден до два месеци надвор од терените.

Најголемата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс ќе мора да одмора бидејќи се работи за повреда на мускул во абдоменот и станува збор за честа повреда кај тенисерите, односно кошаркарите.

Со тоа, под знак прашалник е и настапот за католичкиот Божиќ, кога Лејкерс ќе играат против Бруклин нетс.

Тој се повреди на мечот против Оклахома минатиот четврток, во поразот на неговиот тим од 107:104. Во досегашниот тек на сезоната, Леброн бележи 24,8 поени, 5,5 скока и 7 асистенции по натпревар.