Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во земјава. На одделни места облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб и краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната дневна ќе достигне до 23 степени.

Во Скопје, исто така, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а највисоката дневна температура ќе достигне 22 степени.

Слични временски услови ќе се задржат и во наредниот период. Ќе има променлива облачност со сончеви периоди и повремени услови за краткотраен дожд, придружени со слаб до умерен ветер од северен правец.