Ќе дува засилен северозападен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието, каде на места ќе достигнува брзина и над 65 километри на час.
Дневната температура ќе се движи од 4 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. Во среда ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови од земјава. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.