Во семејниот дом во скопското село Волково вчера попладне бил пронајден починат 58-годишен маж. Случајот бил веднаш пријавен во полициската станица.
На 28.11.2026 во 14:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, во семејниот дом е пронајден починат З.У.(58) од Скопје.
Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција.
