По дводневни исчезнување на четворица млади од Гевгелија, попладнево биле пронајдени без никакви последици, соопшти Центарот за управување со кризи. Тие се изгубиле по силниот ветер и снег.

Четворицата исчезнати во текот на вчерашниот ден заминале од населба Смрдлива Вода, што е на подножјето на планината, кон месноста Мала Рупа на планината Кожуф.

Во потрагата биле ангажирани полицијата – СВР Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), ЈП „Национални шуми“ – подружница Гевгелија и кабинетот на градоначалникот и други надлежни локални институции, служби и претпријатија.
Исчезнатите биле пронајдени кај месноста Мала Рупа над населбата Смрдлива Вода.