Инаку, организаторот Блерим Амети е братот на контроверзниот Ел-Чека кој ја шокираше јавноста со објавените „бомби“ односно прислушувани телефонски разговори за низа криминални активности на на високи функционери на ДУИ.

Претходно и потпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за „Слободен печат“, информира дека Ахмети денешниот протест го пријавил уредно во МВР.

Од денешниот протест во изјава за „Слободен печат“ се огради членот на семејствата на осудените во случајот Монструм, Бедри Ајдари. Тој најави дека ќе протестира на 2 април.