Лоши денови доаѓаат за скопскиот бизнисмен Ристо Лузевски и неговата веледрогерија – Промедика, дознава Радио Лидер од извори во компанијата.

Промедика важеше за една од омилените компании на Комерцијална Банка АД Скопје, која практично во изминатите години го поддржуваше и спонзоруираше бизнисот на Лузевски.

Промедика беше дел од колачот на мали акционери во банката, голем дел од акциите беа заложени во истата банка како дел од хипотека за огромните кредити од неколку десетици милиони евра кои доаѓаат токму од истата банка.

Како што дознава Радио Лидер, пред два месеци Лузевски бил принуден да продаде дури 86.600 акции, од кои половина завршиле кај Ванчо Чифлиганец а половина кај градежникот Фатмир Етеми.

Она што е симптоматично во оваа зделка, е тоа што Лузевски ги продал акциите токму пред датумот по кој би му следувала дивиденда од неколку милиони евра, па сега наместо кај него дивидендата ќе заврши во џебовите на Чифлиганец и Етеми.

Промедика и Ристо Лузевски важеа за омелини компании на Комерцијална Банка, но како што дознаваме со продажбата на овие акции ќе се смени и односот на банката кон него, затоа што веќе не можат да се толерираат неговите загуби.