Државниот завод за статистика пресмета благ раст на просечната нето-плата во април која изнесува 41.085 денари. Таа е зголемена за 589 денари во однос на претходниот месец.

Според ДЗС ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите oбразование (21.8%), земјоделство, шумарство и рибарство (18.6%) и информации и комуникации (18.0%).