Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов на социјалните мрежи изнесе навреди за Македонија и Македонците. Тој напиша дека сме биле Северномакедонци кои ја крадат бугарската историја.

Знам дека моите зборови допираат до вашите уши и очи и знам дека ќе го слушнете и видите она што го напишав. Ние сме Бугари! Имаме историја долга над 1.300 години! Отсекогаш сме се нарекувале Бугарија! И сите нации знаат дека сме Бугари, го знаат името на нашата земја и ја знаат нашата историја, бидејќи сме една од најстарите држави во светот! И без оглед колку тоа не ви се допаѓа, што и да зборувате, што и да измислувате, колку и да сеете омраза и непријателство, и како и да се нарекувате себеси – вие сте Бугари. Отсекогаш сте биле и секогаш ќе бидете. А особено вие во Македонија – вие што го слушате или читате ова во моментов – порано или подоцна, ќе попуштите и ќе бидете асимилирани. И да ви кажам нешто како Бугар. Ние, Бугарите, не предаваме! Без оглед колку ја критикувам државата во моментов, не верувам дека постои и еден владин функционер способен да ја предаде Ива Михајлова! Зашто, драги Северни Македонци, ние, Бугарите, пред сè сме Бугари, а сè друго е на второ место, напиша некогашниот неуспешен ТВ водител.