По се она што се случува на релација МОК и Борко Ристовски, односно Даниел Димевски, кога ракометарот на Вардар доби смешна суспензија, свој коментар денеска има и Јордан Тасевски, инаку претседател на Дисципплинската комисија, човекот кој е потпишан на одлуката за суспензија на Ристовски, пишува Спормедиа.мк

Но, според неговите зборови тој, за време на седницата на која се одлучувало за оваа одлука, бил неутрален, едноставно не гласал за суспензија на Ристовски. Ова значи дека тој се оградува или не се сложува со оваа смешна суспензија од страна на МОК кон Ристовски.

А еве што точно изјави дисциплинецот Тасевски за “Слободенпечат.мк“, од каде и ја пренесуваме неговата изјава:

“Ќе му биде забрането учество во олимписки спортови под организација на Македонскиот олимписки комитет и на Интернационалниот олимписки комитет, во што спаѓаат Медитеранските игри, Европските олимписки игри и Олимписките игри. Комисијата одлучи така. Некои беа за суспензија, некои како јас беа неутрални, но одлуката на крајот беше таа. Јас се потпишав на одлуката како претседател, а потпишан е и генералниот секретар. Комисијата е релевантна да одлучува за делото што го направил (Ристовски, н.з.) во настапот на ТВ. Што кажа и како кажа. Можеби, покрај она што го набројав, Ристовски би можел да биде суспендиран и од некои други настани што ќе бидат организирани од Комитетот (МОК, н.з.). Би можел да настапи на ракометното ЕП или на СП на пример (кои се во организација на ИХФ и ЕХФ), затоа што тие настани не се во организација на МОК или ИОК. Можеби за поопширен одговор би требало да контактирате со некои други личности од нашата олимписка организација“ вели за “Слободенпечат.мк“ посочениот Тасевски каде тој убаво објаснува каква е казната, односно суспензијата и дека тој бил неутрален кога се гласало за нејзе.

Да кажеме дека за утре во 11 часот, Борко Ристовски свика прес на кој ќе ја запознаел јавноста за тоа што тој мисли по повод овој настан.