Лет од солунскиот аеродром „Македонија“ кон Германија бил откажан синоќа откако во еден од моторите на авионот била пронајдена птица, пренесе локалниот информативен портал Теспост.

Авионот, во кој требало да се качат околу 150 патници, бил планиран за почеток на летот вчера рано навечер. Меѓутоа, по подолг престој кај излезот за качување, патниците биле официјално известени дека летот се откажува поради утврдено присуство на птица во моторот на леталцето.

Според најавите, патниците треба да заминат за Германија во текот на денешниот ден.

Информативните портали потсетуваат дека вшмукувањето птици во авионските мотори претставува еден од најчестите ризици со кои се соочуваат пилотите во патничката авијација.