Вчера во 09:50 чaсот во СВР Скопје М.И. пријавил дека околу 09:30 часот во близина на маркет во с.Сарај, додека бил со патничко возило „туран“, кон него било пукано од огнено оружје од страна на едно лице.

Веднаш по пријавата на местото на настанот пристигнале полициски службеници од СВР Скопје, при што биле пронајдени четири чаури од пиштолска муниција. Од оштетениот прозорец од возилото М.И. се здобил со повреда на раката. Известена е екипа на Итната медицинска помош, соопштија од МВР, од каде додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.