Пукањето се случило во 05.50 часот наутро во близина на 22-та полициска станица во областа во приградската населба Парк Морган, пренесува агенцијата АП.
– Тројцата полицајци биле во необележано возило кога биле „застрелани од улица“, изјави пред новинарите надзорникот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун.
Двајца полицајци се агенти на Федералното биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (АТФ), а еден е полицаец во Чикаго.
Полициските службеници не се во животна опасност, а засега нема пријавено апсења на осомничени лица.