Сите одговори на најчесто поставувани прашања во однос на вакцинацијата се сублимирани и достапни на онлајн платформата. Преку оваа страница може да се пристапи кон апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19 vakcinacija.mk , посочуваат од Министерството.

Имунизацијата е безбеден и ефикасен процес и е единствен начин за превенција од ширење заразни болести и спасување животи. Денеска се достапни вакцини за над 20 болести кои спасуваат милиони животи ширум светот. Сите вакцини против Ковид-19 се развиени на безбедни платформи и се моќно глобално оружје кое треба да стави крај на пандемијата, стои во соопштението.

Согласно податоците од онлајн платформата, вакцина против Ковид-19 примиле 5245 здравствени работници, а за вакцинација се пријавиле вкупно 138 457 граѓани.