Не станува збор за еден или двајца, туку за десетици луѓе, истакна тој. Се извини што не можел лично да присуствува на состанокот и рече дека ќе остане во изолација „неколку денови“.

– Знаете дека, за жал, бев принуден да ја откажам посетата на Душанбе во последен момент. Многу ми е жал, но причината е што, како што знаете, случаи на коронавирус се пронајдени во мојата непосредна околина, рече рускиот претседател, кој зборуваше преку видео врска на самитот на Организацијата за договор за колективна безбедност што почна во главниот град на Таџикистан.