Ситуацијата во руската економија според клучните показатели се покажа многу подобра од прогнозите, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот за нацрт-буџетот за 2024-2026 година.
Сегашната економска состојба е генерално стабилна и избалансирана… Сакам веднаш да кажам дека според голем број клучни показатели, состојбата е значително подобра од претходните проценки и прогнози – рече претседателот.
Шефот на државата потсети дека според некои проценки на крајот на годината се очекуваше пад на БДП, потоа прогнозата беше коригирана на ниво од плус 1,2 отсто и дека руската економија всушност веќе го надмина ова ниво. До крајот на годината растот на БДП би можел да достигне ниво од 2,5-2,8 отсто.
Путин додаде дека федералниот буџет за следните три години треба да биде изготвен на таков начин што ќе гарантира исполнување на сите општествени обврски кон народот.
Тој оцени дека руската економија издржа невиден надворешен притисок и целосно закрепна, а БДП на земјата го достигна нивото од 2021 година и дека сега е неопходно да се создадат услови за понатамошен стабилен и долгорочен развој.
Според него, приходите на рускиот буџет од нафта и гас во јули-август закрепнале приближно на минатогодишното ниво и продолжуваат да растат.
Претседателот и наложи на Владата да преземе навремени мерки за зајакнување на рубљата.
Очигледно е дека сега еден од главните проблеми е поврзан со забрзувањето на инфлацијата. Главниот фактор овде е јасен – слабеењето на рубљата. Неопходно е јасно да се разберат нејзините причини и да се донесат соодветни одлуки навремено и без одлагање. Убеден сум дека Владата и Централната банка ќе работат професионално и што е најважно, координирано – рече Путин, пренесе Спутник.
На средбата присуствуваа претставници на владиниот економски блок, раководството на Централната банка и претседателската администрација.