Министерот ги повика другите земји да и се придружат на Велика Британија во донирањето вакцини за сиромашните нации.
Раб се надева дека земјата ќе биде следена и од други земји, откако Велика Британија почна со дистрибуцијата на првото количество од 100 милиони вакцини што планира да ги отстапи, пишуваат британските медиуми.
– Знаеме дека со сегашното темпо светот ќе се вакцинира дури во 2024 година. Сакаме овој датум да го поместиме до средината на следната година и тоа во голема мера би ја променило ситуацијата во погодените земји, рече британскиот министер за надворешни работи.