Мицкоски денеска оствари работна посета на РЕК Битола, каде што одржа состанок со раководството на комбинатот и претставниците на АД ЕСМ. За време на средбата детално беа разгледани тековните процеси во производството на домашна електрична енергија.

„На работниот состанок разговаравме за актуелните активности, функционирањето на енергетските капацитети, предизвиците и идните планови за унапредување на работењето. Континуираната комуникација, координација и посветеност на институциите и вработените се важни за стабилно функционирање на енергетскиот систем и обезбедување сигурно производство на електрична енергија“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

