Во понеделникот во 19.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Аминта Трети“, едно лице физички го нападнало сопственикот на објектот С.Т.(56) од Скопје, при што употребило и тврд предмет.
Во 22.00 часот, пак, М.И.(42) од Скопје пријавила дека околу 19.25 часот на работното место во угостителски објект на ул.„Аминта Трети“ била физички нападната од сопственикот на објектот С.Т.(56) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.