Да не заборавиме, додаде Радев, дека Бугарија е членка на Европската унија и тоа значи многу, а ќе се обратиме до другите членки на ЕУ за солидарност.

– Најважно е Бугарија, како таква одговорна членка, да не дозволи да се внесат многу проблеми во Унијата, порача Радев, јави дописникот на МИА од Софија.

Радев уште рече дека европскиот пат на Македонија е преку Софија и дека тоа е патот за решавање на сите проблеми.

Тој истакна дека дека Бугарија ги развива односите меѓу двете земји во духот на доверба, пријателство и добрососедство.