-Политиката на Бугарија кон Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и тој треба да се води меѓу двата главни града. Не во Брисел или Париз, и зависи од критериумите што ќе ги исполни Скопје за членство во ЕУ, рече Радев, одговарајќи на новинарско прашање дали новата влада ќе ја смени својата политика кон Скопје.
Прашан дали Бугарија ќе ја отстрани блокадата, Радев со одговор „нашите пријатели од Македонија и раководството на земјата мора самите да ја отстранат блокадата“.
– Таа не е бугарска, потребни ни се вистински, одржливи резултати за членство во ЕУ, за промена на учебници, споменици со нивни натписи, музеи, јавни медиуми, за искоренување на говорот на омраза – кога ќе падне границата, нашите млади не треба да се мразат, изјави тој.
Радев потенцира дека тоа не зависи од Бугарија, туку од државата, Република Македонија, која мора да има јасни и одлучни активности