Приведен е жител на Радовиш откако претходно се фалел преку социјална мрежа како пука.
Полицијата соопшти дека вчера (22.05.2026) го лишила од слобода Џ.Д.(29) од Радовиш. Претходно, на социјална мрежа бил објавен видео запис во кој се гледа како машко лице пука со пиштол. По преземени мерки било констатирано дека на видеото е С.А.(32) од Радовиш.
Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на С.А., при што во собата на неговиот брат Џ.Д. се пронајдени и одземени пушка, гасен пиштол, куршуми за гасен пиштол, куршуми со калибар 7,65 мм и меч со футрола. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
