Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека поранешните лидери на ОВК „се бореле против етничкото чистење, а денес се во затвор без никакви обвиненија“, додавајќи дека постои можност да заврши и претседателот на Украина, Владимир Зеленски како нив зад решетки.

Во интервју за РТСХ од Италија, каде што се одржа средбата на лидерите на иницијативата „Отворен Балкан“, Рама вели дека е зачуден што „оние кои се бореле против бруталниот режим се обвинети за воени злосторства“.

Тој нагласи дека Тачи, Весеlи, Сељеми и Красниќи „минуваат низ нешто што е речиси исто тешко како војна со непријателот“.