Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – јули 2026 година, изнесува 5.102.9 милиони евра и бележи пораст од 8.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, 7.199.3 милиони евра, што е за 7.8 % повеќе спроедено со лани, покажуваат податците на Државниот завод за статистика.

Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – јули 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со   49.4 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.7 % во вкупната размена.