Бројот на загинати во поплавите што го зафатија источниот брег на Австралија денеска се искачи на најмалку 13 лица. Австралиските власти соопштија дека најмалку девет лица загинале во Квинсленд, а четврта жртва е во Нов Јужен Велс, јави ДПА.
Сè уште се предвидуваа силни грмотевици и во Квинсленд и во Нов Јужен Велс, а поширокиот регион на Сиднеј, исто така, се подготвува за потенцијални „опасни по живот” поројни поплави.
– Утре рано наутро и во текот на денот, може да видиме силни грмотевици кои носат силен дожд, силни ветрови и можеби дури и голем град”, изјави денеска Дин Нараморе од Бирото за метеорологија. -Имаме авиони кои пружаат помош и спасуваат со копнениот персонал кои прават се што е можно, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет.