Албанскиот Парламент го разреши претседателот на државата Илир Мета со 104 гласа за, седум против и три воздржани, со образложение дека извршил сериозни прекршувања на Уставот.
Претходно, пратениците со ист број на гласови го изгласаа и извештајот на анкетната комисија за прекршување на уставните надлежности од страна на Мета.
Оваа одлука на Парламентот сега оди во Уставниот суд кој треба да се изјасни во рок од три месеци.
Теди Блуши, портпаролот на Мета, вели дека тој не е загрижен за „неуставната и смешна одлука на еднопартиската парламентарна депонија“.
Претседателот е помотивиран од кога и да е да го заштити суверенитетот и интегритетот на Албанија од каков било обид на предавници, соработници и нивни тутори, кои со години работат против нашата земја, Албанците и националниот интерес, напиша Блуш.