Со гласови на дел од партијата Зијадин Села се враќа на лидерската позиција. Разрешен досегашниот претседател Таравари.
Преписките во Алијанса не запираат
Села повторно е лидер на партијата. Предмалку заврши вонредниот конгрес на АА, а по тоа Зијадин Села повторно е лидер на партијата.
Села вели дека се различно од неговиот збор е измама и лага. Тој го обвини Арбен Таравари дека шири дезинформации и додаде отсега тој е единствен претседател. Села вели дека допрва ќебидат појаки.
Ние сме во оваа ситуација каде што не воведе поранешниот претседател, за жал. Бидете сигурни дека ние ќе станеме уште појаки за да излеземе и да се соочиме со граѓаните. Ни претстојат избори, ќе бидеме појаки досега, вели Зијадин Села по денешниот вонреден конгрес.
Зијадин Села не ги признава вонредните конгреси на Арбен Таравари
Како единствен легитимен конгрес тој се гледа себеси, а упати пораки и до „поранешниот лидер“ Таравари.
Правото да бидеш избран и разрешен го има членството. Членството е тоа што зборува, органите на партијата разрешуваат и гласаат. Јас не разрешив никој. Има низа прекршоци од страна на веќе поранешен претседател на Алијанса за Албаните, почнувајќи до етичкиот кодекс завршувајќи со статутот на партијата кој е прекршен на повеќе наврати, дополнува Села.
Арбен Таравари го „предизвика“ Али Ахмети
Во меѓувреме, Арбен Таравари поднесе и кандидатура за претседател на државата како претставник на обединетата албанска опозиција. Освен тоа, Таравари „фрли ракавица“ до лидерот на ДУИ, Али Ахмети и го повика да биде претседателски кандидат за да си ги одмерат силите.
Вчера во Скопје пак, албанската опозиција предводена од Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши го поддржа Арбен Таравари и се обедини со т.н. декларација за обединување. Европскиот сојуз за промени ќе му парира на изборите на ДУИ кои можеби ќе одат во коалиција со СДСМ.