Реакција на денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски во која го спомена нашиот медиум
Почитувани,
На денешната прес-конференција на политичката партија СДСМ, Јон Фрчкоски прикажуваше лажни графикони за сопствеништво на Лидер кои не кореспондираат со реалноста.
Сопствеништвото на Лидер е јасно, во 100% станува збор за домашен капитал, на едно лице. Издавач на Лидер е компанијата Џенерал Хералдинг ДООЕЛ Скопје, во која 100% од уделите ги поседува Љупчо Златев. Овие податоци може многу лесно да се проверат во Централниот Регистар на РМ и во МАР-НЕТ. Наместо да направат бесплатна проверка, Фрчкоски и СДСМ одлучиле да шират лаги.
Со чудење реагираме на лажните графикони, кои доаѓаат од политички субјект со кој имавме деловна соработка на последните локални избори.
Ваквите обвинувања кои доаѓаат од сè уште најголемата опозициска партија во земјата може да и наштетат на нашата компанија која само поради својата либерална уредувачка политика се поврзува со други субјекти.
Како општествено одговорна компанија, Џенерал Хералдинг стои на располагање на Јон Фрчковски да му донира средства за лекување од зависности, на какво никогаш не отиде иако беше експлицитно фатен во конзумсција на кокаин.
Психотропните супстанции очигледно и понатаму влијаат негативно на неговото расудувањето, па токму затоа изнесува вакви целосни лаги за нашиот медиум.
Јон, охрабри се! Веруваме дека освен што со твоето лекување од зависности од себе ќе направиш пособар човек, ќе направиш и од СДСМ подобра политичка партија.
