По приемот на норвешката донација од 100 механички респиратори, Филипче соопшти дека кинеските вакцини најверојатно ќе пристигнат во петок, зашто веќе се стигнати на аеродромот во Истанбул.
Ситуацијата со КОВИД будно се следи, повтори министерот, и не се очекува зголемување на бројките.
Кривата е веќе парабола и ја имитира онаа од ноември-декември, паѓаат бројките на новодијагностицирани, тоа се чувствува и во болниците каде приситокот се намалува и нема многу приеми и префрлања од една во друга здравствена институција како што беше случај во почетокот на април. На состанокот со верските лидери, тие земаа обврска да обезбедат редарска служба за спроведување на протоколите и секој настан да го организираат надвор, пред црквите и џамиите. Епидемиолошката ситуацијата тоа во моментот го дозволува, истакна Филипче.
Според него, не е проблем излегувањето на граѓаните надвор особено сега кога времето е веќе топло и тоа го дозволува, но мерките мора да се почитуваат.
-Граѓаните мора да знаат дека имаат индивидуална одговорност и дека мора да ги почитуваат мерките, истакна Филипче.